Џанг Џинфенг отишла во посета на својот син во градот Хеба, но престојот во заклучен стан во повеќекатницата набрзо и станал тежок, и посакала да се врати во родното село. Едно утро одлучила со помош на јаже врзано околу половината да се спушти низ терасата.


За жал, лошо ја пресметала должината на јажето, па останала да виси неколку метри над замјата. Ја спасиле пожарникарите, кои дошле на повик од запрепастените соседи. Додека стигнале пожарникарите, бабата се држела за една лопата која и ја подале соседите од првиот кат.