Една жестока старица која има 90 години со својот стап за потпирање избркала тројца провалници од својата фарма во близина на Мунстер, објавила локалната полиција. Пензионираната земјоделка се движела по својата куќа кога ги забележала тројцата провалници, два мажи и една жена.


Го зграбила својот стап и почнала да ги тепа. Провалниците се исплашиле и побегнале. Портпаролката на полицијата рекла дека тоа било многу храбро од страна на старицата, но од друга страна било и многу опасно. Додала дека имала среќа што не се случило нешто посериозно.