Британката Кони Браун има вкупно неверојатни 81 година работен стаж во сопствениот ресторан кој го отворила со покојниот сопруг во 1928 година. Таа чисти, филетира и пече риба и компири, кои и се главен специјалитет. Подоцна сама ги мие сите садови за ручање. Вели дека ужива во работата и дека не планира да се пензионира за брзо.
Неа и помагаат синот Хилтон(73) и неговата сопруга Гленис(68). Луѓето зборуваат дека заслужила да оди во пензија, а таа им враќа дека најдобро се чувствува кога ќе работи. Таа наскоро ќе наполни 102 години.