Бети Боровски, 91-годишна американка од Милвоки се вовлекла под автомобил да ги бара клучевите и останала заглавена два дена. Поштарот забележал дека пред влезната врата каде што живеела старицата има гомила неотворена пошта. Ги повикал пожарникарите кои го кренале автомобилот и ја извлекле збунетата и дехидрирана пензионерка.


-Беше прилично стегната под автомобилот. Се чини дека најпрво ја вовлекла главата-изјавил полицаецот Роб Дамс.

Ја одвезле во болница каде ја поминала ноќта во критична состојба. Можно е да има претрпено полесен срцев удар.