Кетлин Дод(87) од Хатерпул, Велика Британија, за време на Втората светска војна служела во пешадијата. Како дел од униформата добила и пар војнички чевли. Ги носела цело време во текот на војната од 1941-1944 и продолжила да ги носи и децении подоцна. Чевлите за Кетлин имаат голема сентиментална вредност. Во нив го запознала сопругот Хари кој починал пред 14 години, набргу по прославувањето на златната свадба.
чевли стари 70 години!
„Се моравме да вратиме на војската, освен чевлите. Не знам зошто не ги вратив. Веројатно поради силните сеќавања кои ме врзуваат за нив. Го запознав сопругот во кино за време на војната. Беше тоа љубов на прв поглед. Не сакав никогаш да ги фрлам затоа што ме потсетуваа на најсреќниот период од мојот живот“ рекла Кетлин.
Кетлин, денес прабаба, конечно ги дала во музеј своите стари војнички чевли кои ја потсетувале на најубавите моменти од нејзиниот живот.
Ohridnews