И годинава на Велигден во Велгошти се одигра традиционалниот фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади”.
Поуспешни во празничната спортска пресметка беа „старите“ кои славеа со 5:3.
Натпреварот што го организира МК на ВМРО-ДПМНЕ во Велгошти, го проследија бројни мештани кои уживаа во убавото време и фудбалските мајстории на старите и младите од Велгошти.
OhridNews