Плановите за урбанизација на паркингот позади хотелот „Ривиера“, кај дирекцијата на Охридско лето и пред центарот за култура, за кои јавноста беше информирана уште пред повеќе од 4 години, повторно се актуелни на политичката сцена.

На урбанизацијата во строгиот центар се противи советничката група на ВМРО ДПМНЕ, која е опозиција во Советот. Своите забелешки, советничката група ги истакнала и на комисиска расправа, а за денеска е најавена прес конференција на која јавно ќе биде соопштен партискиот став во врска со плановите за изградба на колективни станбени згради во центарот на градот.

OhridNews