Јавното претпријатие „Комунално“ Струга почна акција за промена на старите и дотраени метални контејнири поставени на градските улици, со нови пластични за мешовит отпад со зафатнина 1,1 кубен метар.

Според директорот на претпријатието Иќмет Ислами, акцијата е со цел подобрување на состојбата со управување со отпадот во Струга.

Новите контејнери се поставени на локации каде предходно беше констатирано дека се одлага поголема количина смет. Со ова значително се подобрува комуналната инфраструктура и услугата собирање и депонирање смет, истакна Ислами.

Апелира до граѓаните да ги чуваат новите контејнери, да не ги палат и да не фрлаат несоодветен отпад.

OhridNews