Контејнерите од 5м3 и 7м3 кои ги користат големите правни субјекти на територијата на Општина Охрид постапно се исфрлени од употреба и истите се заменуваат со стандардизирани контејнери од 1,1м3, соопшти јавното комунално претпријатие.


.
Правните лица кои сеуште ги користат големите контејнери се должни во најбрз можен рок сами да си обезбедат контејнери од типот 1,1м3. Во овој преоден период поставени се околу 50 нови стандардизирани контејнери.

На овој начин Ј.П.”Охридски Комуналец” покрај заштитата на човековата средина од еколошки и медицински аспект (намалување на опасноста од ширење на зарази и намалување на количеството на отпад) постигнува и економско-финансиски бенефит со намалување на трошоците на транспорт на отпадот до депонија “Буково”, велат од јавното претпријатие.

Ohridnews