Голем број тревки кои во стар Египет служеле за лекување болести се користеле така што билките се наквасувале во вино или други алкохолни пијалоци, а потоа напивката му се давала на пациентот. Научниците од Универзитетот во Пенсилванија направиле биомолекуларна анализа на два остатоци од вино од стар Египет. Нашле трагиххф од балсам, коријандери, нане, како и борова смола.


Старите египетски рецепти укажуваат дека тревите се користеле на големо во сите полиња на медицината. Пред да се започне со модерните синтетички лекови алкохолот бил универзален ублажувач на болка.

Најпосле знаеме зошто во стар Египет немале клубови за лекување алкохоличари.