Швајцарскиот Кадетен Шафхаузен е противникот на македонскиот победник во националниот куп Вардар-Про.

Првиот наптпревар од 3. коло во Купот на националните Куп победници црвено-црните ќе го играт на 15. или 16. ноември во Скопје,  а реваншот 7 дена подоцна на гостински терен.

Вардарци во минатогодишното издание од Лигата на Шампиони ги одмерија силите со швајцарците. 

На првиот натпревар во Кале, Вардар минимално ги совлада Кадети со 27-26, додека во вториот на гостувањето во Швајцарија беа поразени со 36-30.

 М.П.