Стариот дрвен брод со кој некогаш експертите ги правеле првите научни истражувања на Охридското Езеро ќе биде реставриран, но не како експонат, туку како кафеана. Овој брод како што ни раскажаа  од институтот, научната установа го продала во далечните седумдесети. Во меѓувреме некогашниот научен брод се вкотви на тревникот до Хидробиолошкиот институт и се подготвува да биде дел од новиот амбиент на Билјанините извори. На него се монтираат маси и столици и најверојатно ќе служи за угостителска дејност.


“Бељан“ се вкотви во тревникот кај Билјанини извори

OhridNews