Освојувањето на титулите во англиската премиер лига, престижната Лига на Шампиони и клупското Светско првенство беа доволни Сер Алекс Фергусон да биде прогласен за најдобар тренер во изборот на фудбалскиот институт за статистика и историја.

За менаџерот на Манчестер Јунајтед ова е второ вакво признание по 1999-та година.