Ракометарите на Охрид во десетте мечеви сезонава имаат претрпено само еден пораз од Еурофарм Работник во Битола, а токму оваа екипа гостува во „Билјанини Извори“ во рамките од 11-та рунда од Супер лигата.


После тој пораз пулените на Горан Андоновски нанижаа седум победи и едно реми и ја осигураа есенската титула, но болката од „украдените“ бодови се уште тлее во охридскиот состав.

Дербито за „фармацефтите“ со Охрид доаѓа во незгоден момент, затоа што три дена претходно претрпеа пораз од Пелистер во битолската градска пресметка.

Натпреварот во „Билјанини Извори“ кој ќе започне во 19 и 30 часот ќе биде сериозен испит за охридските „гладијатори“.

Составот предводен од Иван Маркоски-Александар Зарков има играчи со репрезентативно педигре што сигурно ќе биде мотив повеќе за домашните ракометари.

Со овој меч Охрид ќе ја комплетира трилогијата натпревари на домашен терен која започна со дуелот против Радовиш, а продолжи со младиот состав на Работнички.

OhridNews