Во Охрид во последните неколку години се почесто се доградуваат и надградуваат старите објекти. Така со децении старите згради добиваат нов лик, но и илјадници метри квадритни нова стамбена површина која во Охрид и тоа како добро се продава.
„Ohridnews“ го контактираше општинскиот сектор за урбанизам, од каде не информираа дека изградбата на поткровјата се одвива низ легална и строго утврдена процедура. Оттаму ни кажаа дека дозволите за надградба на старите згради се издаваат по стручна проверка на статиката, електриката, водоводот и канаклизацијата на објектот и по претходно добиена согласност од најмалку 51% од станарите во зградата, според површината на имотот кој тие го поседуваат.
Изградбата на поткровјата се врши исклучиво од лесни материјали, за да не се загрози стабилноста на објектот, посочуваат од секторот за урбанизам. За поткровје се издава посебна дозвола, различна од таа за изградба на покрив за што има поедноставна процедура, информираат надлежните од општината.