Селекциите на Исланд, Чешка и Украина и се противници на Македонија во квалификациската група за Европското првенство во Хрватска 2018 година.
Македонија последниве години наназад неколку пати се има сретнато со Чешка и Исланд, а единствено нов ривал за „црвено жолтите“ е Украина.
Пласман на завршницата од ЕП во Хрватска ќе изборат најдобрите две пласирани селекции по групите и една најдобра трета.
Групите:
Група 1: Данска, Унгарија, Холандија, Летонија
Група 2: Полска, Белорусија, Србија, Романија
Група 3: Шпанија, Австрија, БиХ, Финска
Група 4: Исланд, Македонија, Чешка, Украина
Група 5: Германија, Словенија, Португалија, Швајцарија
Група 6: Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка
Група 7: Франција, Норвешка, Литванија, Белгија
OhridNews