Вчера во 14.40 часот во ОВР Струга било пријавено дека пред хотел на струшкото крајбрежје на Охридското Езеро настанал пожар на трска, која е заштитена со закон. Што го предизвикало пожарот треба да утврди истрагата која е во тек.

Повторно гори трската на Охридското Езеро. Фото: Архива Охридњуз.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид бил извршен и се работи на расчистување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата во викенд билтенот информира за уште два инциденти.

  • Ноќеска во 01.45 часот во близина на угостителски објект на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, приведен бил 30-годишен охриѓанец затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
  • На 08.02.2025 во 20.35 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид  лишике од слобода 48-годишен жител на Охрид. При извршена контрола, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај констатирале дека управувал моторно возило под дејство на алкохол. Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во информацијата.

OhridNews