Охриѓани никако да се ослободат од старите лоши навики сметот и градежниот шут наместо на соодветно место да го фрлаат кај ќе стигнат.
нова дива депонија на старото место
За да се ослободат од „товарот“ несовесните граѓани не бираат место, а најчесто страда природата. Сепак во градот постојат неколку локации на кои вообичаено се „одлага“ цррстиот отпад и градежниот шут, а најомилема дестинација на „градежниците“ им е спомен паркот „Билјанини извори“.
шутот се фрла кај ќе се стигне
Ништо ново, ќе рече некој. Се согласувам, стари навики – нов смет. Веројатно и овој пат надлежните како и многу пати досега ќе го исчистат расфрланиот отпад од спомен паркот, но останува поразителното чувство дека ваквите појави не само што не запираат туку прекршителите најчесто минуваат неказнето.
грда слика
Во општинскиот инспекторат има стотици документирани слични случаи, а има и фотографии каде сторителите се фатени на дело. Но тоа очигледно не е доволно, зошто ниту една од стотиците прекршочни пријави што инспекторатот ги поднел до Основниот суд не е решена, и никој досега не одговарал за сторениот прекршок се жалат инспекторите.
Г. Момироски