Фреда Вуд и Џек Ли се запознале како тинејџери во педесеттите години и биле верени до 1957 година, а конечно се венчале дури минатата сабота. Парот во младоста се разделил кога Фреда со семејството се отселила од земјата. Таа имала 19 а Џек само 17 години. Фреда кога се вратила назад во земјата се шокирала кога дознала дека од старата љубов ја делат само две куќи.


На почетокот на оваа година на улица здогледала познато лице. Му пристапила на Џек, започнале да се состануваат и повторно се заљубиле. Џек ја запросил по втор пат, а се венчале во Ехилок, селото каде живееле додека биле млади. Велат дека да се сретнат по сите овие години било судбина.