Чуден ви е насловов? Уште почудни се безбројните граматички и суштински грешки при превод на содржините од еден охридски туристички информатор што за себе вели “без никаква помош од општината и државата”, www.ohridinfo.com. Сајтот има дури 30 опции т.е. може да биде читан на 30 светски јазици.

Но како, поточно, кој преведувал од српски вака:

“Природним лепотама доминирала пећине “ће”, “Самотска Рупа” и “Наумова пећину.” или “Једини начин да сазнате торовима живота, јединствено искуство за једрење страсно” па имате хотел “Сун Капија” (Сончева Порта н.з), но и ова “Током векова, Охрид је поробуван, уништен од стране људске руке и од природних катастрофа, али увек града поново обновљен издигал још увек лепа????”

Ситуацијата со англискиот превод е подобра, но има понекој пропуст како Macedonian educator street (улица Македонски просветители) или “Throughout the centuries, Ohrid was porobuvan, destroyed by human hand and from natural disasters, but always the city again and restored in izdigal more beautiful.” Можеме само да замислиме какви се преводите на грузиски на пример, јазик што е ставен во опции.

www.ohridinfo.com има добра графика, некои од фотографиите во галериите се навистина одлични, му недостигаат уште информации, поредовно апдејтување и дефинитивно професионални преведувачи, а не google translator. Подобро нека има само македонска и англиска опција (секој заинтересиран за патување знае англиски, сто насто) отколку да читаме вакви смешки. Ми е криво кога гледам вакви работи. Сакам Охрид да му е претставен на светот професионално и точно.

Спаско Костоски

*Ставовите изнесени во рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.