Младата разбојничка мислела дека 71-годишниот старец и неговиот пријател ќе бидат лесен плен. Но неочекувано виталниот Хари Копенис потрчал и ја совладал 22-годишната жена која му го украла паричникот покрај банкомат во североисточна Пенсилванија. Потоа со помош на Кевин Ламб(56) кој е во електрична инвалидска количка поради проблеми со дишењето ја држеле додека не стигнала полицијата.
„Обајцата тргнавме по неа. Јас ја соборив, а Хари ја држеше за нога. Мислеше дека ќе бидеме лесен плен. Не и беше ни на крај памет дека ќе ја фатиме“ изјавил Ламб.
Полицијата ја обвинила Ерин Ванметр за разбојништво и вознемирување, која веќе е на условна поради организиран криминал.Затворена е и одредена и е кауција.. Копенис ни самиот не знае како ја фатил со оглед на тоа дека пред пет години доживеал мозочен удар.
„Добив силна енергија“ изјавил тој.