ФБИ од Сан Диего веќе пет месеци е во потрага по мистериозниот криминалец кој има околу 70 години. Во средата ја ограбил својата шеста банка по ред. Носел полуавтоматски пиштол и и предал на една од вработените порака преку која побарал да му бидат предадени парите. Не се знае со колку пари си заминал.
Иако до сега меѓу грабежите имал две до четири седмици пауза, сега паузирал цели 2,5 месеци. Секогаш носи капче во црна или бела боја. Се нудат три различни награди за информации поврзани со него во вкупна вредност од 16 илјади долари. карактеристично е тоа што додека го изведува грабежот никој освен него и касиерката не знаат што се случува.