Сомалиец, кој тврди дека има 112 години се оженил по шести пат за девојка која има само 17 години. Стотина повикани присуствувале на венчавката на Ахмед Мухамед Доре и Сафие Абула во Гуричела. Доре чекал Сафие да порасне пред да ја запроси.


Изјавил дека господ му помогнал да го оствари својот сон. Не ја форсирал, но го искористил своето искуство за да ја увери во неговата љубов. Нејзиното семејство било задоволно од изборот на Сафие. Доре има 18 деца кои се постари од неговата нова сопруга.