На меѓународната манифестација говореше и претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, кој упати забелешка дека Охрид како се’ уште не ја чувствува големината на Прличев.
– Тој човек, тој осаменик, светски дух во една мала средина живееше, а како да не беше разбран, рече Старделов.
Иницијативата за интернационално одбележување на делото на Григор Прличев пред десет години беше потикната од група ентузијасти меѓу кои беше и амбасадорот Јордан Плевнеш, кој смета дека мора уште напорно да се работи за да му се оддаде заслуженото признание на Прличев.
Плевнеш истакна дека традицијата на меѓународно чествување на Прличев ќе продолжи и натаму најавувајќи дека за големиот македонски преродбеник в година ќе беседи словачкиот поет и преведувач, Франтишек Липка, додека во 2011 хрватскиот професор Горан Калоѓера.