Поради обид на трговија со деца, тројца луѓе од Луизијана завршиле зад решетки. Во трговијата не била вклучена нивната биолошка мајка. Се започнало кога Паул и Бранди дале оглас за продажба на папагал за 1.500 долари.
На огласот се јавила Дона Гринвел велејќи дека сака да ја купи птицата, но дека нема да даде пари туку две деца за кои се грижи откако нивните родители се развеле. За нив барала 2.000 долари со образложение дека и е тешко да се грижи за нив поради професијата, возач на камион.
Двете страни постигнале договор – двете деца за птицата и 175 долари. Оваа скандалозна трговија ја открил анонимен граѓанин кога видел дека во фамилијата Ромеро живеат две деца.
Дона Гринвел, Паул и Бранди Ромеро биле уапсени под обвинение за киднапирање на деца. Децата биле одведени во дом за деца, а тврдат дека во семејството Ромеро имале многу добри услови за живот, бидејќи парот многу сакал деца кои не можеле да ги имаат.