Името на објектот на старата училишна зграда во Вевчани од денес именувана со Мултикултурен центар „Коста Србакоски“ – Вевчани.
Како што информира градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, предлог бил даден од негова страна, а прифатен од членовите на Советот на општина Вевчани, денес, по што била донесе Одлука името на објектот на старата училишна зграда да гласи Мултикултурен центар „Коста Србакоски“ – Вевчани.
Додава дека на објектот ќе биде поставена и табла која ќе содржи инфомации за Коста Србакоски, вевчанец, кој бил идеолошки водач на Вевчанското движење на отпорот и на вевчанскиот сепаратизам од злото и неубавото.
OhridNews