Зградата на старата градска библиотека која се наоѓа во центарот на Охрид сепак ќе се урива пред првомајските празници, најави локалната самоуправа.

– По долго размислување и консултации со стручните екипи донесовме одлука уривањето на  згрдадата на библиотеката да започне деновиве, па до каде ќе стигнеме, стигнеме, изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески, по средбата со претседателот на државата, Бранко Црвенковски, на која се разговарало за подготовките на Самитот на претседатели на држави од Централна Европа што на почетокот од мај ќе се одржи во Охрид.


сепак ќе се урива пред мај – старата библиотека во Охрид

Како што веќе информиравме, на просторот каде сега се наоѓа библиотеката ќе биде изграден нов плоштад кој според најавите ќе биде готов до почетокот на главната туристичка сезона. Некогаш на овој простор се наоѓала Долната порта низ која се влегувало во стариот Лихнид. Според планот новиот плоштад ќе биде поврзан со Горна порта со пешачка патека што ќе ја гради локалната самоуправа. Исто така овој простор ќе се користи и за разни културни манифестации, а ќе биде оплеменет со поставување неколку споменици за што ќе биде распишан конкурс за идејни решенија.

Г. Момироски