Дербито на Италија, пресметката помеѓу Јувентус и Интер е најпривлечниот дуел во рамките на 25-то коло, во Серија А.
Во пресерт на дербито Јувентус се наоѓа на осмата позиција со 38 бода, актуелниот првак Инер е третото место и има шест бода повеќе од „старата дама“. Епитетот дерби го носи и натпреварот кој на „Олимпико“ ќе го одиграат Рома и Наполи. Гостите од Неапол не се откажуваат од борбата за титулата, тие се на второто место на табелата со 46 бода, три помалку од водечкиот Милан. Рома дербито ќе го дочека од седмата позиција, римјаните имаат освоено 39 бодови.
Во зависност од резултатите на овое две средби може да профитира лидерот Милан кој во ова коло на донашен терен е асолутен фаворит против Парма.
Двојки: Милан-Парма, Рома-Наполи
Недела : Палермо-Фиорентина, Бари-Џенова, Бреша-Лацио, Каљари-Киево, Катанија-Лече, Чезена-Удинезе, Сампдорија-Болоња, Јувентус-Интер
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com