Мислејќи дека вазната е за во ѓубре, неименувана жена од Британија за малку не ја фрлила. Го чистела таванот со мажот и ја пронашла вазната цела во прав. Се сетила дека ја купила за 1 евро на распродажба и одлучила да ја фрли во ѓубре.
За среќа гледала телевизиска емисија во која се проценувале стари работи, и од забава одлучила да ја однесе вазната на проценка. И рекле дека вазната е уникат од францускиот дизајнер Рене Лалигуе и дека вреди најмалку 25.000 евра. Среќниот пар ја продале вазната во Лондон за 35.000 евра.