И оваа година Хотел “Силекс” од Охрид ја прослави Стара Нова Година – Василица на автентичен и традиционален начин препознатлив само за овој реномиран угостителски објект.
Голем оган на отворениот базен на хотелот, ресторанот сервиран и декориран со традиционални елементи, на менито национални јадења, а за забавата се погрижија естрадните музички уметници Душко Георгиев и Јасмина Гуњова.
Посебен дел од прославата и многу важен е чинот на водосвет и принесувањето на славскиот колач во чест на Свети Василиј Велики. Оваа година сите присутни со големо внимание го проследија овој чин и особено се радуваа на истиот – изјавија од хотелот.
OhridNews