Православните христијани денеска ја слават Новата Година, според стариот Јулијански календар. За празнувањето на Стара Нова Година – Василица, се врзани многу обичаи. Меѓу најтрадиционалните во охридскиот крај е да се приготви пита со париче. Се верува дека на тој што ќе му падне паричето, ќе му донесе многу среќа и успех во новата година. Василичарските обичаи се спој на паганското и модерното, па така во многу краеви ден денес се одржуваат карневали. Според верувањата маскираните ги бркаат злите духови, обичај останат уште од паганско време.

Карневалско расположение денеска се чувствува  во охридското село Куратица. Неколку децении старата традиција во последните години станува се помасовна туристичка атракција која привлекува илјадници посетители.


од карневалот во Куратица.