Во старата охридска чаршија во делот кој се спојува со ул. „Гоце Делчев“ една стара куќа опасно е надвисната и секој момент може да падне. Така е со години. Дуќанџиите од околните куќи, како и граѓаните кои секојдневно поминуваат тука, постојано  алармираат на опасноста, но проблемот никако да се реши. Куќата дури е и атрактивна за странските туристи кои често се сликаат покрај неа несвесни дека тоа за жал не е туристичка атракција од типот на кривата кула во Пиза, туку стара стара незачувана охридска куќа која секој момент може да им се сруши врз главите. Нашата читатаелка Симона ни испрати неколку фотографии од старата куќа во распаѓање. Надлежните иако на неколку наврати најавија справување со сите вакви опасни градби во Охрид сеуште се без конкретна акција. Додека проблемот не се реши, не е лошо да се избегнува опасната куќа…


опасната куќа во чаршијата

ohridnews