Двајца туристи кои на пазарот во Париз купиле декоративна граната од 19 век предизвикале доцнење на брзите возови бидејќи француската царина ја пронашла експлозивната направа во нивниот багаж. Кога ја забележале грантата, тие веднаш го евакуирале терминалот на париската северна железничка станица.


Екипата за деминирање била веднаш повикана на местото на настанот. По едночасовниот прекин во сообраќајот, сообраќајот на брзите возови продолжил да се одвива без проблеми, но со едночасовно доцнење.