Бугати 573 од 1937 година седел во гаража од фамилијата Кар скоро половина век. Последен го возел хирург од Втората светска војна, Харолд Кар. Го купил во 1955 година за сегашни 17.000 евра. Откако починал фамилијата отишла да ја расчисти гаражата и откриле автомобил кој бил прекриен со прашина. Одлучиле да побараат помош од експерти околу проценката. Откако разбрале дека автомобилот вреди цело богатство, одлучиле да го продадат на аукција. Не знаеле дека за него ќе добијат дури 3,4 милиони евра.


Бугати во тоа време претставувал синоним за автомобилизмот. Бил пред своето време и развивал брзина од 209 километри на час, додека останатите тогашни автомобили достигнувале 80 километри на час.

Овој автомобил е посебно вреден бидејќи првиот сопственик му бил Еарл Хове, британски возач на трки. На автомобилот се сите оригинални делови и се е нечепнато. Биле произведени само 17 во цел свет. Затоа и добил таква вредност, па на аукцијата во Париз го купил страствен колекционер од Европа.