-Одделението за сообраќај при општинскиот Сектор за комунални дејности веќе го привршува својот дел од обврската кој се однесува на поставување и обележување вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Спроведувањето на одлуката за новиот сообраќаен режим е во надлежност на Сообраќајната полиција и на пајак-службата-велат од Општина Охрид.
Тие објаснуваат дека воведувањето на летниот сообраќаен режим во Охрид е традиција која има за цел да се придонесе за подобар амбиент во текот на сезоната, да се избегнат сообраќајните метежи и да се подобрат условите за одмор на туристите.
Како и минатите години, жителите на стариот дел на Охрид и нивните гости ќе можат да ги користат возилата со специјални пропусници што ги издава Секторот за комунален развој според посебна процедура. Подетално и целосно, со новиот сообраќаен режим ќе може да прочитате на општинскиот веб – портал www.ohrid.gov.mk.