Одлуката на Советот на Општина Охрид за измени на режимот на сообраќај во централното градско подрачје, на сала стапува денеска. За сите измени поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а во тек е и обновувањето на пропусниците кои ќе важат за жителите од стариот дел на градот.

Летово сообраќајот на најфреквентните улици во центарот на градот ќе се одвива во еден правец, додека во стариот дел на Охрид и на кружниот тек кај централниот плоштад „Св. Климент Охридски“ целосно ќе биде забрането движење на моторни возила во периодот од 20 до 05 часот,освен за жителите на тој дел од градот и за лицата кои поседуваат специјални дозволи. Тие после 20 часот во стариот дел на градот со возило ќе може да влезат само преку Горна порта.

Со измените на режимот едносмерни улици летово ќе бидат и „Кирил и Методиј“ и дел од улицата „Јане Сандански“. На кеј „Маршал Тито“ од кружниот тек до „Палас“ целосно ќе биде забранет сообраќајот, а остатокот од улицата ќе се користи за паркинг од едната страна.

Летниот режим на сообраќај на сила ќе биде заклучно со 31 август.

Ohridnews