пскутери со јачина поголема од 45 KW кои можат да
пренесуваат максимум 3 лица.
Ограничувањето се однесува
на периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена
површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро, а е со
времетраење до 20 август.
Ова ограничување на
пловидбата на скутерите е согласно Одлуката на Владата на Република
Македонија која лани беше донесена заради безбедност на капачите и
заштита на животната средина на природните езера и не важи само за
скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски,
царински и полициски надзор.
За сите граѓани кои нема да
ја почитуваат одлуката, пропишани се и санкции, а висината на глобата
што ќе треба да ја плати прекршителот изнесува 2.000 – 3.000 евра во
денарска противвреднсот за правни лица, 500 – 1.000 евра во денарска
противвредност за трговец-поедниец и 300 – 500 евра во денарска
противвредност за физички лица.