Стаорци без страв се шетаат по тревниците на парискиот музеј Лувр, и ги плашат посетителите и туристите, јавуваат агенциите. Стаорците буквално се шетаат иако во градините околу музејот постојат многу места каде би можеле да се кријат и да прават легла.
Вработените во градините изјавиле дека староците се погодени од топлото време и фактот што луѓето кои доаѓаат тука на пикник зад себе оставаат храна со која подоцна стаорците се хранат. Градинарот Жан-Клод Екани ги обвинил и борците за правата на животните кои оставаат вода и храна за стаорците насекаде.