Стаорци опасно го загрозуваат познатиот мост Риалто кој го премостува каналот Гранде во Венеција, во чии дрвени конструкции се населиле колонии глодари. Општинските власти во Венеција се загрижени поради оваа појава и наредиле истрага за последиците.

Стаорците меѓутоа не се единствена опасност за познатиот мост, чија стабилност ја загрозуваат и 20 милиони туристи кои годишно поминуваат преку него.


Состојбата на мостот на прв поглед предизвикува загриженост. Столбовите се оштетени, смогот го оштетува мермерот а брановите му ги загрозуваат темелите.

Мостот Риалто, кој со лак од 28,8 метри го премостува каналот Гранде, спаѓа во најпознатите споменици во Венеција.

Одлуката за изградба на мостот била донесена во 1588 година, а изградбата започнала во 1951 година.