Порпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон соопштил дека не е во план „вработување“ на мачка во неговата резиденција, иако еден стаорец се вселил во Даунинг Стрит 10. Камерите за видео надзор во два наврати го снимиле големиот стаорец на прагот на вратата на резиденцијата. Порпаролот изјавил дека не планираат вселување на мачка, како што претходно било обичај доколку се појавеле стаорци.


Таков бил случајот се мачорот Хемфри, кој во осумдесеттите години ја добил титулата „ловец на глувци“ со годишна плата од 100 фунти за исхрана. Хемфри во Даунинг Стрит се вселил во времето на Маргарет Тачер, а таму останал и за време на Џон Мејџор, како и на почетокот на премиерскиот мандат на Тони Блер. Мачорот подцна бил иселен од куќата, а како главна причина за тоа медиумите ја навеле сопругата на Тони Блер, Шери, која не имала симпатии кон Хемфри.