Чивавата по име Кончита прт пат станала позната во јавноста во 2010 година кога сопственичката Грејс Познер во наследство и оставила стан во Мајами Бич, кој овие дена бил продаден за 8,4 милиони долари. Кончита своето наследство, кое покрај станот вклучувало и штеден фонд од три милиони долари, морала да го подели со уште две кучиња, исто така во сопственост на Грејс Познер.
И пред нејзината сопственичка да почине, чивавата живеела многу луксузно, носела дијамантска огрлица, се возела во кадилак и летувала во најдобрите хотели. Познер голема сума во наследство му оставила и на својот персонал, но под услов да се грижат за нејзините кучиња. Меѓутоа, сега кога куќата во која кучињата живееле е продадена не е познато што ќе се случи со Кончита и нејзините другари, односно на која локација ќе се преселат.