Сопственик на зграда во Филаделфија со скриени камери повеќе од 20 години ги снимал жените на кои им ги изнајмувал становите во својата зграда.
Томас Далеј (45), според наодите од државното обвинителство, во најмалку седум станови во неговата зграда, вградил скриени камери во купатилата и спалните соби.
Аферата излегла на видело кога една од станарките во својот стан ја нашла скриената камера. После претресот полицијата во зградата нашла вкупно 32 минијатурни скриени камери.