Охрид во 2023 година ќе организира уникатен настан на кој ќе бидат претставени спортовите на вода, како и локалната храна, вина, култура и традиција. Ова е само еден сегмент од програмата на Секторот за спорт, млади и НВО, што ќе се реализира оваа година, изјави во емисијата Спорт + на Охридњуз Јоне Станковски, раководител на Секторот за спорт, млади и НВО при Општина Охрид.

Фестивалот на вода ќе се одржи во втората половина на август, а програмата ќе биде дефинирана во март.

Фестивалот ќе ги опфати сите водени спортови, од пливање, ватерполо, кајак, веслање… до водени лудории, трка со кајчиња и прецизно слетување со параглајдер во вода. Настанот ќе биде поврзан со храната која автентично се произведува во Охридскиот регион. Натпреварите ќе се одржуваат на целото Охридско Езеро, а главните спортски и културни случувања ќе бидат на кејот. Ќе имаме концерти, изложби и други настани, еден концепт кој ќе бидат препознатлив не само во Охрид и земјата, тулу и надвор од неа, рече Станковски.

За состојбите во охридскиот спорт, изборот на најдобрите од минатата и плановите на градот оваа година, гледајте во новото издание на Спорт + во кое гостува Јоне Станковски – раководител на Секторот за спорт, млади и НВО при Општина Охрид.

Станковски во Спорт +: Охрид добива уникатен спортски настан кој ќе биде препознатлив и надвор од границите на земјата

Г.М.