По три сезони минати на клупата на белградскиот фудбалски гигант Црвена Звеазда, Дејан Станковиќ поднесе оставка од тренерската функција.
Се обидов три пати, но не успеав да ја однесам Црвена Звезда во Лигата на шампиони. Не можам понатаму. Дадов се од себе. Сега треба некој друг да се обиде. – истакна Станковиќ во емотивната изјава по повод оставката во клубот од стадионот „Рајко Митиќ“.
На местото на Станковиќ Црвена Звезда го назначи Милош Милојевиќ, поранешен играч и дете на клубот. Тој беше помошник на Станковиќ од 2019 до 2021 и има две титули и куп со Звезда.
Милојевиќ тренерска афирмација стекна во шведски Мјалби кого од трета го внесе во првата лига, по што пристигна во Звезда. По заминувањето Милојевиќ го презеде шведскиот прволигаш Хамарби.
Минатата сезона беше тренер на Малме, а доби отказ на крајот од јули по елиминацијата од литвански Жалгирис во квалификациите за Лигата на шампиони.
Г.М.