– Кога гледам сега од овој агол, таа фаза од животот морала да се случи. Се случуваат лоши работи а мене мораше тоа да ми се случи. Дното е најдобро место за нов почеток, тоа е неповторливо искуство цело време се трудиш да не се вратиш таму каде што не припаѓаш, горд сум на себе што успеав во ова што сум денес – потенцираше Станиќ.
Станиќ е еден од ретките спортисти кој јавно признал дека го користел и уживал во кокаинот што го конзумирал.
– Таков човек сум сакам се да пробам и да експериментирам. Многу ме интересираше какво е чуството после тоа и искрено не се чувствував најдобро затоа и прекинав. Во ни еден момент не се плашев дека можам да станам зависник, секогаш имав контрола на себе. Кокаинот често се користи но тешко е да се признае, допинг контролата беше во недела а јас го користев во петок. Во принцип во крвта се задржува околу три дена но ете на моја среќа или несреќа тоа излезе на виделина и ме суспендираа две години – истакна 33 годишниот голман на “орлите“.
“Црниот пат“ во тунелот на Станиќ го осветли повикот во репрезентацијата на Србија од селекторот Јовица Цветковиќ кој му веруваше и му даде втора шанса.
– Тоа што го направи селекторот за мене никогаш нема да го заборавам. Ме оживеа целосно, незнам дали некој друг селектор би собрал храбост да ме повика кога бев без клуб и надеж. На крајот се исплатеше за мене и за репрезентација на Србија и уште еднаш сакам да му се заблогадарам на селекторот Јовица Цветковиќ – заврши Станиќ за неговото патешествие.
Македонскиот преставник во Лигата на Шампиони, Металург на голот со Дарко Станиќ и хрватскиот стратег на клупата Лино Червар полека ја освојуват Европа, “зелените“ ја “преживеаа“ групата и се пласираа во ТОП 16.