Еден од најдобрите играчи на Металург, голманот Дарко Станиќ, ќе остане во клубот, откако со актуелниот шампион на Македонија потпиша тригодишен договор, пренесува „Макфакс“.
Раководството на Металург ова го договорила со двочлената делегација на Бундеслигашот Гепинген, екипа со која Станиќ имаше потпишано преддоговор, е објавено на официјалната интернет страница на Металург.
Претставниците на двата тима договориле во замена за Станиќ, во Гепинген да се пресели репрезентативецот на Црна Гора, десниот бек, Жарко Марковиќ.