Најдобриот голман во Лигата на шампиони, во изминатата сезона, Дарко Станиќ, ќе го напушти клубот, пренесува Дневник.

Српскиот репрезентативец имал неколку понуди од други екипи, но како
причина за заминување ги посочува нарушените меѓучовечки односи во
клубот.

„ Во мојата глава сум веќе заминат од Металург. Останува да се
договориме за обесштетувањето. Имам уште две сезони за играње, го
засакав Балканот, но сега имам и други понуди, па неделава ќе решам каде
ќе продолжам “, изјавил за Дневник Станиќ.

Инаку, раководството на Металург, по завршувањето на сезоната во која
тимот ја загуби шампионската титула реши да направи ‘чистка’ Ракчевиќ,
Козлина, Додер, Батиновиќ и Коражија нема да го носат дресот на Металург
во следната сезона.

„Макфакс“