Eдна анкета спроведена на повеќе од 1000 мажи во Индија покажала дека кондомите произведени по меѓународни стандарди се преголеми за мажите во таа земја. Студијата открила дека повеќе од половината жители имале помали полови органи од меѓународните стандарди за кондоми. Двегодишната студија ја спровел индискиот одбор за медицински истражувања.
Повеќе од 1200 доброволци од целата земја ги дале своите полови органи за прецизно мерење. Потоа се дошло до заклучок дека во Индија има потреба од кондоми со различни големини. Станува збор за сериозен проблем бидејќи секој петти кондом кој се користи паѓа, а Индија е земја со најголем процент на инфекции од ХИВ вирусот.