Покрај стандардната болка во грбот од кревање шерпи за ајвар ви нудиме несекојдневна ултра добра болка во стомачните од смеење. СТАНД УП АТ ЈАЗЗ ИНН – 100 % нов материјал !


Нов матријал е шоу во кое никој, ниту комичарите ниту публиката нема да се комотни зошто секој момент е исполнет со тензија како ќе помине новата шега. Имајте уникатна можност да видите нови шеги од кои дел ќе останат засекогаш, а дел ќе завршат во канта.

За ваше трајно задоволство ќе се погрижат: Никола Тодороски, Илија Богданоски, Никола Сиљаноски, Зоран Донев , Јован Цветкоски.

Промовирано од Продукција Златен Заб. Петок, 4 октомври, во 21 часот. Купете билети онлајн или резервирајте на 075 283 066. Цена на билетот е 200 денари.

OhridNews