Помина прилично долго време од дислоцирањето на старата  автобуска станица во Охрид. На нејзино место се гради станбено-деловен комплекс и катна гаража . Судејќи по она што може да зе забележи на терен изградбата на комплексот  е при крај. Се расчистува теренот, се дотеруваат детали. Деновиве  деловните простории од овој комплекс добија  огледало-стакла кои не наидоа на некое големо воодушевување кај граѓаните, но за вкусовите нели не се разговара. По се изгледа по неколку години градба и прашина оваа туристисчка сезона Охрид ќе ја дочека со ново модерно здание во центарот на градот каде според најавите на градските власти ќе има и подземна гаража со капацитет од околу 400 возила.


финишира изградбата на новиот станбено-деловен комплекс во центарот на Охрид

Васко Бујароски